четврток, 26 февруари 2026

Руски научници развија УВ филтер што го забавува стареењето на кожата

Руските научници развија ултравиолетов филтер за крема за сончање кој „подмладува, штити од гнојни воспаленија и го спречува растот на бактерии“, соопшти прес-службата на Државниот универзитет Томск (ТСУ).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„УВ филтерот развиен од научниците на ТСУ покажува антиоксидативна активност што ја надминува онаа на витаминот Ц. Покрај тоа, го инхибира растот на бактериите со што се спречува ризикот од гнојно воспаление на кожата“, се вели во соопштението.

Агенцијата ТАСС пренесува дека новиот филтер – за разлика од титаниум и цинк оксид, кои традиционално се користат во кремите – не само што ја штити кожата од ултравиолетово зрачење, туку и „го забавува стареењето со неутрализирање на слободните радикали“.

Според зборовите на професорката на Катедрата за неорганска хемија на Факултетот за хемија при Државниот универзитет во Томск, УВ-филтерот е базиран на „паметна“ компонента, цериум диоксид. Помага во спречување на изгореници од сонце, развој на кожни лезии и раст на бактерии, а го забавува и процесот на стареење со неутрализирање на штетните радикали на површината на кожата.

„Во моментов продолжуваме да ги проучуваме својствата на овој филтер и да го подобруваме неговиот состав со додавање на други ретки земни елементи“, рече Кузњецова.

Според научниците, добиените честички би можеле да се користат не само во козметиката, туку и да се додаваат во лакови за нокти и бои, што би ја зачувало бојата и би ги заштитило од деградација поради светлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ