Оваа технологија ги намалува нивоата на контаминација за 50 до 60 проценти за три до четири месеци, а до 90 проценти при употреба на дождовни црви, пренесува ТАСС.
Методот се базира на воведување на сорбенти, биолошки препарати и дождовни црви во почвата и може да се користи на температура на почвата од најмалку пет степени Целзиусови и влажност на воздухот од најмалку 60 проценти.
Како сорбент се користи низински тресет, кој има висок капацитет за апсорпција на нафтени производи, а биолошкиот препарат „Тамир“ содржи комплекс од микроорганизми.
Клучен елемент на технологијата се калифорниските дождовни црви од видот Eisenia Andrei (Еисенија андреј), кои се многу отпорни на загадување со нафта и имаат силен репродуктивен капацитет.
Во описот на развојот се наведува дека дождовните црви не само што ја растресуваат почвата туку и ја подобруваат микробната активност, забрзувајќи го процесот на разградување на нафтата.
Технологијата вклучува постепено воведување на сорбенти и биолошки препарати, по што следи воведување на црви и органско ѓубриво.
Методот е применлив на различни типови почва, вклучувајќи црница, глина и песокливи почви, што значи дека може да се користи во повеќето региони на Русија.






