„Меѓународната организација за цивилно воздухопловство процени дека секоја година низ целиот свет се случуваат околу 5.400 судири меѓу авиони и птици, при што вкупната штета врз авиокомпаниите достигнува една милијарда долари. За да се спречат вакви инциденти се развиваат орнитолошки безбедносни системи. Еден од нив е автоматизираниот комплекс Орни“, се наведува во официјалното соопштение.
Системот ги следи надморската височина, брзината и патеките на движење на 100 птици во радиус од 10 километри, се вели во соопштението.
Поврзан е со средства за одбивање птици и ги контролира во автоматски режим, прикажувајќи информации на дигитална мапа во реално време.
Системот веќе е тестиран на аеродромот Пулково и покажа високо ниво на ефикасност, се вели во соопштението.
„Овој комплекс работи континуирано, во сите временски услови и не влијае на радио и електронските уреди на аеродромот“, соопшти Ростек.
Компанија се занимава со развој и производство на високотехнолошки производи во одбранбениот, воздухопловниот, енергетскиот и индустрискиот сектор.
Ова вклучува и електронски системи, безбедносна опрема и инфраструктура.






