петок, 5 декември 2025

Рударство во длабоки води го намалува бројот на животни на морското дно за повеќе од една третина

Машините што се користат во тестовите за рударство во  длабоки води предизвикале намалување од 37 проценти на бројот на животни на морското дно, според најголемата студија од ваков вид, спроведена од научници од Природонаучниот музеј во Лондон, Националниот океанографски центар и Универзитетот во Гетеборг.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, спроведено на барање на компанијата Металс, ја опфати зоната Кларион-Клипертон во Тихиот Океан.

Научниците ја споредиле состојбата на биодиверзитетот пред и по пробното копање и откриле дека трагите од возилата го намалиле бројот на животни за 37 проценти, а разновидноста на видовите за 32 проценти. Повеќето животински видови живеат во горните пет сантиметри од седиментот, кој машините го отстрануваат за време на работата.

во близина на патеките не е забележано намалување на вкупниот број на животни, но имало промени во доминацијата на одредени видови.

Експертите предупредуваат дека комерцијалното рударство би можело да има уште поголеми последици, додека компанијата Металс тврди дека влијанијата се ограничени на директното подрачје на рударството. Длабоко рударство во меѓународни води моментално не е дозволено.

Меѓународната управа за морско дно (ИСА) не одобри комерцијални операции, додека 37 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, поддржуваат мораториум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ