„Розовиот шум“ ги фаворизира ниските фреквенции, па човечкото уво го перципира звукот како смирувачки, но истражувачите не пронајдоа докази дека тој всушност го подобрува сонот.
Во експериментот учествувале 25 млади возрасни лица изложени на различни видови бучава во текот на една недела.
Резултатот беше дека умерена изложеност на „розов шум“ ја намалува РЕМ фазата на спиење за просечно 19 минути, фаза која е клучна за меморијата, емоционалната регулација и развојот на мозокот.
Ефектот е особено значаен кај децата, бидејќи тие поминуваат повеќе време во РЕМ фазата, додека нивниот сон сè уште се развива.
Значи, иако звукот на дождот, брановите или ветерот делува смирувачки, долготрајното слушање на „розов шум“ всушност може да го наруши квалитетот на сонот.






