понеделник, 8 декември 2025

Роџер Вотерс го нападна Боно зашто молчи за Палестина: „Идиот“

Британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на Пинк Флојд, го критикуваше својот колега Боно од бендот У2 затоа што се дружи со милијардери, а „молчи за Палестина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вотерс беше гостин во емисијата на Кејти Халпер, која го праша што се случило со Боно и зошто молчи за Палестина. „Тој е идиот. Тој е тотален шупак. Тој оди… За малку ќе опцуев“, рече Вотерс, а водителката му рече дека може да пцуе.

„Тој оди во Давос, побогу“, рече тој. Потоа Халпер му рече дека Боно „правел некои работи“ со Џорџ Буш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Halper (@kthalps)

„Да, тој оди на имотот на Џорџ Буш и се дружи со својот пријател. Луд ли си, Боно? Ќе одговорам на тоа, Боно. Да, ти си факинг луд, друже. Тоа не е во ред. Тоа е ужасно“, рече тој.

Вотерс, познат по својот политички активизам, постојано ја изразува својата солидарност со Палестинците и го поддржува колективот „Акција за Палестина“. Тој изјави дека Израел врши геноцид врз Палестинците и ги обвини САД и Велика Британија дека поддржуваат агресор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ