понеделник, 8 декември 2025

Робот-готвач воведен во кафетеријата на Мета во Германија

Во мензата на компанијата Мета во Минхен е воведен робот-готвач кој со помош на вештачка интелигенција подготвува оброци за вработените, соопшти компанијата „Циркус СЕ“, производителот на уредот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Модулот, наречен CA-1, комбинира роботски раце и индукциски плотни за готвење, пренесува Билд.

Машината ги зема состојките од коморите за ладење, ги загрева и го сервира оброкот во рок од три до четири минути, а потоа автоматски ги мие садовите.

Понудата вклучува јадења како тестенини, леќа и салати, а оброците се преземаат со помош на кјуар (QR) код. Цената на оброкот е помеѓу пет и шест евра по порција.

Според основачот на компанијата, Николас Булвинкел, машината може да подготви до 100 оброци на час и да ги намали трошоците за персонал за 95 отсто.

Машината е полна со свежи, претходно зготвени состојки и се одржува еднаш дневно. Уредот чини околу 250.000 евра, додека месечната лиценца е најмалку 10.000 евра, во зависност од менито.

По Мета, интерес покажаа и други компании, вклучувајќи ги Реве, Хем, Страбаг и Мерцедес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ