понеделник, 5 мај 2025

Револуционерен уред кој го вратил говорот на пациент по мозочен удар

Нов уред кој го поврзува мозокот со компјутер ѝ овозможи на жена повторно да зборува 18 години откако доживеала мозочен удар.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Американските научници развија експериментален интерфејс мозок-компјутер (БЦИ) кој ги претвора мислите во говор во реално време. Овој апарат е тестиран на 47-годишна квадриплегична пациентка која пред 18 години поради мозочен удар ја изгубила способноста за зборување.

Како дел од клиничкото испитување, лекарите ѝ вградиле уред во нејзиниот мозок, што му овозможило да ја преведе нејзината намера во јасни реченици, објасни Гопала Ануманчипали од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, коавтор на студијата објавена во списанието Нејчр неурисајнс.

За разлика од другите БЦИ уреди кои воведуваат мали доцнења во обработката на говорот, овој систем го одржува текот на разговорот.

„Тоа е прилично голем напредок во нашата област“, ​​изјави за Асошиејтед прес Џонатан Брумберг од Универзитетот во Канзас, кој не беше вклучен во студијата.

Авторите на студијата користеле електроди за да ја снимат активноста на мозокот на жената додека таа тивко составувала реченици. Синтисајзер, базиран на нејзиниот глас пред повредата, е интегриран со модел на вештачка интелигенција што ја преведува нервната активност во говор.

„Тој не чека да заврши реченицата. Ја обработува како што тече мислата“, рече Ануманчипали.

Иако се потребни дополнителни истражувања, Ануманчипали верува дека со „одржливи инвестиции“, технологијата би можела да стигне до пациентите во рок од една деценија. Проектот беше делумно финансиран од Националниот институт за здравство на САД – НИХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ