вторник, 9 декември 2025

Револуција во медицината: Напреден стетоскоп открива срцеви заболувања за 15 секунди

Највообичаениот медицински инструмент – стетоскопот – значително ќе се подобри. Медицинските научници развија стетоскоп кој, со помош на вештачка интелигенција (ВИ), може да открие сериозни срцеви заболувања за 15 секунди, пренесува Гардијан.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Овој современ медицински инструмент има можност да дијагностицира срцева слабост, заболување на срцевите залистоци и абнормален срцев ритам.

Традиционалниот стетоскоп, измислен во 1816 година, кој се користи за слушање звуци во внатрешноста на телото, е клучна алатка на секој лекар повеќе од два века. Новиот стетоскоп, развиен од истражувачи на Империјал колеџ во Лондон и Фондацијата на НХС на Империјал колеџ, може да анализира ситни разлики во срцевиот ритам и протокот на крв што човечкото уво не може да ги детектира.

Раната дијагноза е клучна за срцева слабост, заболување на срцевите залистоци и абнормален срцев ритам и овозможува порано откривање на пациенти на кои им е потребна терапија пред сериозно да се разболат.

Во истражувањето на новиот стетоскоп со вештачка интелигенција учествувале околу 12.000 пациенти од Велика Британија со симптоми како отежнато дишење или замор. Истражувачите нагласиле дека стетоскопот со вештачка интелигенција треба да се користи кај пациенти со симптоми на сомнителни срцеви проблеми, а не за рутински прегледи на здрави лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ