петок, 12 декември 2025

Рекордно атмосферско празнење: Молња од 829 километри регистрирана над САД (ВИДЕО)

Светската метеоролошка организација (СМО) објави дека прогласила нов светски рекорд за најдолг блесок на молња, кој се протегал 829 километри во Соединетите Американски Држави, од Источен Тексас до Канзас Сити, а се случил во октомври 2017 година.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Комитетот на СМО за временски и климатски екстреми, кој води официјални евиденции за глобални, хемисферски и регионални екстреми, го призна новиот рекорд користејќи ги најновите сателитски технологии, резултатите беа објавени во Билтенот на Американското метеоролошко друштво.

На автомобил би му биле потребни околу осум до девет часа, а на комерцијален авион најмалку 90 минути за да го помине растојанието на официјално најдолгиот блесок на молња во светот.

„Молњата е извор на чуда, но и голема опасност што секоја година одзема многу животи низ целиот свет и затоа е еден од приоритетите на меѓународната иницијатива „Рано предупредување за сите“. Овие нови наоди истакнуваат важни загрижености за јавната безбедност во врска со електрифицираните облаци, кои можат да произведат молњи што патуваат на екстремно долги растојанија и имаат големо влијание врз воздухопловниот сектор и можат да предизвикаат шумски пожари“, изјави генералниот секретар на СМО, Селест Сауло.

Настанот од 2017 година е значаен по тоа што беше една од првите бури каде што најновиот геостатичен оперативен еколошки сателит (ГОЕС-16) на Националната океанска и атмосферска администрација на САД (НОАА) документираше екстремно долготрајни и далечни „мегаблесоци“ на молњи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ