Анемометарот на метеоролошката станица забележа неверојатно силен ветер од 408 километри на час! Тоа е брзина на ветер што корне дрвја, носи куќи и луѓе, пренесува Пункуфер.
Со оглед на тоа што островот Бароу е богат со нафта и природен гас и е управуван од нафтена корпорација, тој не е достапен за пошироката јавност. Не е изненадувачки што поминаа повеќе од десет години пред Светската метеоролошка организација да ги добие податоците, да ги испита детално и официјално да го потврди рекордот.
Иако денес постојат неколку уреди за проценка и пресметување на брзината на ветерот, Светската метеоролошка организација ги препознава само податоците добиени преку сигурни уреди за директно мерење на протокот на воздух – како што се анемометрите.
Дотогаш, најсилниот удар на ветерот забележан пред бурата на островот Бароу се случил на планината Вашингтон во САД на 12 април 1934 година и изнесувал 372 километри на час.