понеделник, 2 февруари 2026

Рекордна заработка на документарецот за Меланија Трамп во премиерниот викенд

Документарец за првата дама на САД, Меланија Трамп, би можел да заработи 8 милиони долари во кината за еден викенд, што е најголема заработка од првиот викенд за документарец во Соединетите Држави за повеќе од една деценија.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Светската премиера на филмот „Меланија“ се одржа во петокот, а публиката беше претежно жени над 55 години, кои донесоа 70 проценти од приходите на филмот.

Според „Холивуд репортер“, филмот постигнал голема популарност меѓу конзервативците во јужните американски држави, особено кај жените над 55 години, кои сочинувале 72 проценти од публиката на премиерата.

Претходно, медиумската компанија Пак, повикувајќи се на податоци од американската истражувачка компанија, тврдеше дека документарецот, со вкупен буџет од 75 милиони долари, би можел да заработи околу 5 милиони долари за време на првиот викенд од прикажувањето во САД и Канада.

Филмот, продуциран од Амазон МГМ Студиос и режиран од Брет Ратнер, го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 2025 година, од нејзиниот дом во Трамп Тауер во Њујорк до нејзиниот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, и ги доловува моментите зад сцената во Белата куќа, објави Фокс њуз.

Документарецот, чија премиера беше во четврток вечерта, е дебитантски проект на новата филмска продукциска куќа на првата дама, Мјуз Филмс.

Пред премиерата, која се одржа во Центарот „Трамп Кенеди“ во Вашингтон, Трамп рече дека првата дама е поотворена овој мандат.

Документарецот „Меланија“ се фокусира на работата на првата дама, нејзините филантропски напори и нејзиниот семеен живот додека се подготвуваше да стане прва дама на Америка по втор пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ