недела, 8 јуни 2025

Редок син дијамант продаден за неверојатна цена

Редок син дијамант, „Медитеранско сино“, од 10,03 карати, беше продаден на аукција во Женева за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа Сотби’с.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Тобијас Корминд, извршен директор на „77 Дајмондс“, најголемиот европски онлајн јувелир, изјави дека продажбата на дијамантот, чија вредност се проценува на 20 милиони долари (17,8 милиони евра), била „помалку импресивна“ од очекуваната, пренесе денес Свисинфо.

„Дијамантот ја надмина својата проценета вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес. Но, општата неизвесност, вклучувајќи ги и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намалија довербата на понудувачите“, изјави Корминд.

Аукциската куќа Сотби’с соопшти дека американски колекционер го освоил скапоцениот камен, по битката меѓу двајца понудувачи која започнала од девет милиони швајцарски франци (9,6 милиони евра) и траела „речиси три минути“.

Шефот на одделот за накит на Сотби’с за Северна Америка, Европа и Блискиот Исток, Квиг Брунинг, рече дека тоа е „несомнено водечкиот камен на сезоната“, рангирајќи се меѓу најдобрите сини дијаманти некогаш продадени.

„Сините дијаманти се на врвот на пирамидата на реткост“, рече Брунинг. Дијамантот неодамна беше откриен во легендарниот рудник Кулинан во Јужна Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ