понеделник, 15 декември 2025

Редок космички гостин: Кометата 3И/Атлас во петок ќе помине покрај Земјата

Залутана комета од околината на далечна ѕвезда во вселената оваа недела поминува покрај Земјата за единствен пат пред да се врати во меѓуѕвездениот простор.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Откриена во текот на летото, кометата 3И/Атлас ќе помине покрај Земјата на 269 милиони километри во петок.

НАСА користи телескопи за да ја набљудува оваа ледена маса, за која проценува дека е со големина помеѓу 440 метри и 5,6 километри. Таа избледува на небото додека минува, па сега е време аматерските астрономи да ја видат на ноќното небо со помош на телескоп.

Кометата ќе се приближи многу до Јупитер во март – на 53 милиони километри.

Ќе стигне повторно во меѓуѕвездениот простор дури во средината на 2030-тите и никогаш нема да се врати, рече Пол Чодас, директор на Центарот на НАСА за студии на објекти во близина на Земјата.

Меѓуѕвездените комети како најновата, 3И/Атлас, потекнуваат од ѕвездени системи на други места во Млечниот Пат, додека домашните комети како Халеевата потекнуваат од ледената обвивка на Сончевиот систем.

Тоа е само третиот познат меѓуѕвезден објект што поминал низ Сончевиот систем. Телескоп на Хаваи го откри првиот потврден меѓуѕвезден посетител на Сончевиот систем во 2017 година, две години подоцна аматерски астроном од Крим забележа втора меѓуѕвездена комета, а најновата комета, 3И/Атлас, која сега минува покрај Земјата, беше забележана од телескопот Атлас на НАСА во Чиле во јули оваа година.

Научниците веруваат дека оваа комета, безопасна за Земјата, можеби се формирала во ѕвезден систем многу постар од Сонцето, што ја прави привлечна цел за набљудување и анализа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ