Меѓутоа, престојот на отворено носи и досадни „гости“ – муви, кои неуморно слетуваат на чиниите и го расипуваат уживањето во оброкот.
Освен што претставуваат непријатност, мувите се и потенцијални носители на бактерии и болести, бидејќи доаѓаат во контакт со нечистотија како што се канти за ѓубре и канализација, а потоа летаат во домовите и се задржуваат околу храната.
Ако сте уморни од неуспешни обиди да се ослободите од нив, можеби ќе бидете задоволни со трик што стана хит на ТикТок – решение кое е сосема природно и лесно достапно: босилек, пренесува Нова.
Како што тврдат многу корисници кои го применуваат овој совет секојдневно, сè што треба да направите е да ставите свежо гранче босилек на масата. Неговиот силен, ароматичен мирис е неподнослив за мувите и тие многу брзо се повлекуваат.
Освен муви, се верува дека босилекот успешно ги одбива комарците и другите инсекти, па затоа е корисно да го имате при рака – без разлика дали е во саксија на прозорецот, на балконот или во градината.
Босилекот не е само омилен зачин – неговите природни ароматични својства го прават одличен сојузник во борбата против летните штетници.
Нема потреба од агресивни спрејови, хемикалии и бучава од вентилаторот – само вклучете го ова растение во вашиот простор и уживајте во потивко лето без муви. Сега е совршено време да го засадите и да си обезбедите природна заштита во текот на топлите денови.