Интересно е што има повеќе од 50 сорти на нарциси во повеќе бои, со или без листови, со големи или мали цветови, како и оние без мирис. Овој тип на цвеќе се смета за симбол на надеж, среќа и нови почетоци со оглед на тоа дека навестува нова сезона.
Новите сорти поседуваат покрупни цветови, постабилни дршки, поразнообразни нијанси на цветовите – бели, кремасти, жолти, со различен интензитет.
Нарцисите се цвеќиња карактеристични за пролетта, иако нивното цветање зависи од видот, како и од климатските услови. Најмногу цветаат од март до мај, додека врвот на цветање е во април. Сепак, постојат сорти кои цветаат рано дури и во февруари.
Како и останатите луковичести растенија, и нарцисот се размножува преку стари и нови луковици, кои треба да се садат во текот на есента. Луковицата од овој цвет содржи различни алкалоиди, вклучително и ликорин – така што може да дојде до труење со мешање на луковица од нарцис со кујнски кромид. Отровна е и „цветната вода“ што се ослободува при сечење на стеблото, а симптомите може да бидат гадење, повраќање, зголемено потење, но потешките форми на труење може да доведат до парализа и колапс.
Сепак не е сè кај нарцисите отровно – некои работи од жолти нарциси повремено се користат за настинки, бронхитис и голема кашлица.