понеделник, 8 декември 2025

Ракун влегол во продавница за алкохол во САД, се напил и се онесвестил во тоалет (ВИДЕО)

Еден необичен „провалник“ со маска на лицето предизвика хаос во продавница за алкохолни пијалаци во Ешланд, Вирџинија. Откако рано изутрина во сабота падна преку таванот на продавницата, скрши неколку шишиња виски и направи неред, беше пронајден без свест во бањата. Но, не станува збор за човек, туку за ракун кој, според сè изгледа малку претерал со „уживањето“, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Вработен во продавница кој пристигнал на работа во сабота наутро, наишол на сцена како од филм: скршени шишиња, истурен алкохол и срушена таванска плоча. Главниот осомничен цврсто спиел на подот од бањата. Набрзо била повикана локалната служба за контрола на животни, а на местото на настанот пристигнала и службеничката Саманта Мартин.

„Јас лично ги обожавам ракуните“, изјави Мартин. „Тие се смешни мали суштества. Тој паднал низ една од таванските плочи и почнал да се забавува, пиејќи сè што стигнал.“

Мартин призна дека целата ситуација многу ја насмеала додека пијан ракун водела на трезнење во засолниште за животни. „Уште еден ден на работа со фаќање животни, претпоставувам“, додаде таа.

Контролата на животните во округот Хановер подоцна потврди дека ракунот бил успешно отрезнет и дека е подготвен да се врати дома. „По неколку часа сон и без знаци на повреда (освен можеби мамурлак), тој беше безбедно пуштен назад во дивината, надевајќи се дека научил дека провалата не е решение“, соопшти одделот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ