понеделник, 8 декември 2025
Млад, самоуверен и полн со грешки

Психолог: ЧетГПТ е сепак маж

ЧетГПТ, се разбира, не е ниту машко ниту женско. Тоа е компјутерски програм како и секој друг голем јазичен модел. Сепак, начинот на кој зборува има јасни, машки карактеристики. Не само што звучи како машко, туку како момче со преголема самодоверба и чувство дека сè му припаѓа нему, изјави психологот Бенс Нанај.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тоа не е некое големо изненадување. Одговорите што ги дава ЧетГПТ се засноваат на огромна количина на текстови од Интернет. А повеќето од тие текстови се напишани – да бидам искрен – од момци со иста преголема самодоверба и став дека сè им припаѓа ним, оценува психологот за „Денешна психологија“.

ЧетГПТ може малку да го прилагоди стилот, но не може да го промени општиот тон на апсолутна сигурност во сопствената вистина.

Тој даде пример дека во средината на 1990-тите гледал филм чиј заплет речиси го заборавил, освен една сцена и малку дијалог.

Психологот го прашал ЧетГПТ за кој филм станува збор.

„Тој, како и обично, беше исклучително сигурен дека тоа е филмот А. Го проверив сценариото на филмот А – нема трага од таа сцена. Му го кажав ова на ЧетГПТ и по малку извештачено извинување, добив подеднакво убедлив одговор дека тоа е филмот Б. И повторно истиот резултат. Потоа влеговме во таков пинг-понг разговор уште многу пати, а ЧетГПТ, ако ништо друго, стануваше сè посигурен во своите тврдења (морам да нагласам дека имав исто искуство со сите други главни достапни јазични модели освен ЧетГПТ)“, рече Нанај.

Проблемот не е што ЧетГПТ греши, истакнува тој.

„Се разбира дека греши – тие таканаречени „халуцинации“ со вештачка интелигенција веќе се анализирани стотици пати. Проблемот е колку е сигурен во неговите (погрешни) одговори. Тој став, искрено, ме потсетува на некои мои богати, разгалени, но не особено паметни студенти бруцоши – сите се машки пол“, забележа тој.

Зошто е ова важно? Зарем немаме поважни работи за кои треба да се грижиме додека вештачката интелигенција сè повеќе влегува во нашите животи?

„Оваа неоправдана, прекумерна самодоверба е важна. Поминуваме многу време во интеракција со вештачка интелигенција. ЧетГПТ прима дури 2,5 милијарди барања дневно, а бројот само расте. Ако сè повеќе комуницираме со некој што има став на момче од братство од (американски колеџ), тоа сигурно ќе влијае на начинот на кој комуницираме со другите. Постојат многу потенцијални опасности од вештачката интелигенција да ни ги преземе животите. Вештачката интелигенција што ја потресува нашата интелектуална скромност можеби не е толку очигледен проблем, но на долг рок би можела да биде многу поопасна“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ