Настанот го организираше Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Western Balkans Fund, како и со учество и поддршка на бројни домашни и регионални партнери.
Конференција која ги поврза регионалните креативни сили
Настанот го отвори министерот за култура и туризам на Македонија, Зоран Љутков, кој ја нагласи поврзаноста меѓу креативноста и културната политика, истакнувајќи дека: „И двете започнуваат со идеја што може да прерасне во нешто големо“. Тој ја пофали иницијативата на МГИ за организирањето на оваа конференција и се заложи дека Министерството ќе продолжи да ја поддржува и понатаму, и ја охрабри младата генерација да сонува, создава и соработува. На ова се надоврза Директорот на Европската федерација на гејм девелопери, господинот Јари-Пекка Калева и изјави: „Македонската гејм дев заедница можеби е мала, но е полна со талент и страст – две работи што можат да те одведат далеку во оваа индустрија. Чест ми е да објавам дека МГИ стана дел од Европската федерација на развивачи на видеоигри (EGDF). Верувам дека со меѓусебна поддршка и отворени можности, Македонија може да стане центар што не губи, туку привлекува таленти.“

На Game Dev Rev 2025 присуствува претставници од повеќе државни институции, амбасади и невладини организации, а привлече повеќе од 350 посетители – студенти, млади (и возрасни) професионалци, независни студија и компании од регионот, кои имаа можност да следат предавања, панел дискусии, Fireside chat и Indie Expo зона. На сцената говореа врвни експерти од Америка, Јапонија, Турција, Европа, Македонија и регионот.

Еден од централните моменти беа говорите на Илари Куитинен (Финска), Кејт Едвардс (Америка), Кеи Хироки (Јапонија) на кои, како ветерани со повеќе од 30 години искуство и работа во гејм девелопментот, им беше доделено и признанието „Eternal Legacy Award“ за исклучителен придонес во глобалната гејм дев индустрија. Исто така особена заинтересираност и посетеност привлече и панелот “Game Divas: Empowering Women in the Gaming Industry”, посветен на жените во гејминг индустријата, а финансиран од Western Balkans Fund.
Game Dev Rev 2025 го означи почетокот на ново поглавје – создавање на национална платформа за контакти, соработка и образование во гејминг секторот.
Покрај конференцијата, програмата вклучи и VIP networking активности, културна тура низ Скопје, и пост-конференциска прошетка по Кањон Матка и пештерата Врелo.
Организаторите најавија дека Game Dev Rev 2026 ќе се одржи повторно, на 15 октоври 2026, со амбиција настанот да прерасне во традиционален регионален форум за развој на видеоигри и креативни технологии.






