НАСА и компанијата СпејсЕкс задолжени да го обезбедат нивното враќање изјавија дека враќањето на Земјата ќе започне во среда, 14 јануари, во 22 часот по средноевропско време, доколку тоа го дозволат временските услови.
НАСА минатата недела соопшти дека го скратила престојот на астронаутите бидејќи еден од нив имал здравствен проблем, што е многу редок случај. Американската агенција не сакаше да го објави името на астронаутот.
Ова ќе биде прва медицинска евакуација на НАСА од МВС, каде што астронаутите претходно беа лекувани од забоболка и болки во увото.
Екипаж од четири астронаути полета на Меѓународната вселенска станица (МВС) во август, каде што требаше да останат најмалку шест месеци.
Екипажот го сочинуваат Зена Кардман и Мајкл Финк од НАСА, јапонскиот астронаут Кимија Ју и Олег Платонов од Русија. Ова е четвртиот престој за Финк на вселенската станица, втор за јапонскиот астронаут и прв за Кардман и Платонов.
НАСА поради здравствен проблем на еден астронаут ја откажа својата прва вселенска прошетка оваа година.
Претставници на НАСА нагласија дека ова не е вонредна состојба на станицата. Сепак, подобро е да се биде претпазлив, изјави Џејмс Полк, главен здравствен и медицински службеник на НАСА.






