сабота, 6 декември 2025

Прошетка подолга од 15 минути: Најдобриот подарок што можете да му го дадете на своето тело

Ново истражување покажа дека за здравјето на срцето е поважно колку долго непрекинато одиме, отколку колку вкупно чекори правиме во текот на денот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, објавено во реномираното списание „Анали на интерна медицина“, опфатило речиси 34.000 луѓе во Велика Британија кои оделе помалку од 8.000 чекори дневно. Учесниците биле поделени во четири групи според траењето на нивните вообичаени прошетки: помалку од пет минути, пет до десет минути, десет до петнаесет минути и петнаесет минути или подолго.

Резултатите беа јасни: тие кои поголемиот дел од своите дневни чекори ги правеле во подолги прошетки имале значително помал ризик од срцеви заболувања и предвремена смрт. Ризикот од срцеви заболувања изнесувал околу 13% кај оние кои оделе во многу кратки интервали, 11% кај оние со нешто подолги прошетки, 7,7% за групите со десет до петнаесет минути одење, додека кај оние кои оделе најмалку петнаесет минути ризикот паднал на само 4,4%.

Со други зборови, лицата кои секојдневно имале една подолга прошетка имале речиси три пати помала веројатност да заболат од срцеви болести во споредба со оние чијашто прошетка траела само неколку минути.

Најголема корист имаа лицата кои водат седечки начин на живот, со помалку од 5.000 чекори дневно. Кај нив врската помеѓу должината на прошетката и намалениот ризик од срцеви заболувања беше уште поизразена.

Одењето е една од наједноставните, но најефикасните физички активности. Го забрзува срцевиот ритам, ја подобрува циркулацијата, го намалува крвниот притисок и помага во регулирањето на телесната тежина.

Иако често се споменува „правилото од 10.000 чекори“, истражувањата сè повеќе покажуваат дека позитивните здравствени ефекти се јавуваат од само 7.000 чекори дневно – особено ако се прават во една долга прошетка.

Експертите велат дека овие резултати би можеле да ги променат препораките за физичка активност, особено за луѓето кои не се многу активни. Тие советуваат да се одвои време барем еднаш дневно за брза, континуирана прошетка од околу 15 минути – бидејќи дури и толку едноставен чекор може да значи поздраво срце и подолг живот на долг рок.

Тие советуваат барем еднаш дневно да се одвои време за побрза, континуирана прошетка од околу петнаесетина минути – затоа што и таков едноставен чекор може долгорочно да значи поздраво срце и подолг живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ