недела, 7 декември 2025

Пронајдени фосилни остатоци од јајца од крокодил што се качувал на дрвја

Научниците открија најстари остатоци од јајца од крокодили во Австралија досега, кои можеби припаѓале на исчезната врста крокодили што се качувале по дрвја за да ловат плен.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Лушпи од јајца стари 55 милиони години се пронајдени во дворот на земјоделец во Квинсленд, научен труд за откритието беше објавен во „Журнал за палеонтологија на ‘рбетници“, пренесува Би-би-си.

Лушпите од јајца припаѓале на одамна изумрена група крокодили познати како крокодили со меко тело, кои живееле во слатка вода во периодот кога Австралија била дел од Антарктикот и Јужна Америка.

Коавтор на научната студија за овој изумрен вид на крокодил, професорот Мајкл Арчер, изјави дека овој вид крокодил бил прилично чуден бидејќи ловел плен на начин на кој тоа го прават дивите мачки, на пример, леопардите кои го демнат пленот од врвовите на дрвјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ