петок, 27 февруари 2026

Пронајден скелет на еден од најмалите диносауруси во светот (ВИДЕО)

Истражувачите во аргентинскиот регион Патагонија открија исклучително добро зачуван и речиси комплетен скелет на еден од најмалите диносауруси во светот, кој живеел пред околу 95 милиони години и бил со големина на денешната птица врана, пренесува Ен-би-си њуз.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Наспроти месојадниот Гиганотосаурус, кој тежел околу осум тони, Алнасетри церополисиенсис тежел само околу сто грама.

Истражувачите навеле дека тој веројатно се хранел со гуштери, змии и безрбетници.

Откриениот примерок, наречен „Ална“, е пронајден во покраината Рио Негро во Патагонија, каде што се откриени многу фосили од средни и мали животни од периодот креда.

Откако овој мал диносаурус умрел, бил покриен со песок, поради што неговите остатоци се толку добро сочувани.

Патагонија е една од областите со најголем број на фосили на диносауруси во светот, како големи така и мали, потсети Ен-би-си њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ