петок, 5 декември 2025

Пронајден приврзок од Фабержеово јајце: Вредното парче проголтано од маж од Нов Зеланд

Според тврдењата на златарите, голтнатиот приврзок е украсен со 60 бели дијаманти и 15 сини сафири, а кога ќе се отвори, се појавува минијатурен октопод направен од 18-каратно злато.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Приврзокот украсен со дијаманти во облик на Фабержеово јајце, кој маж од Нов Зеланд го голтна обидувајќи се да го украде, е пронајден, соопшти денеска полициската станица во Окленд.

Приврзок вреден 33.585 новозеландски долари (16.500 евра) „природно“ излегол од организмот, и „не била потребна никаква медицинска интервенција“, соопшти полицијата за Би-би-си.

Инцидентот се случил пред околу една недела, кога полицијата уапсила 32-годишен маж во продавницата за накит „Партриџ“ во центарот на Окленд, неколку минути откако наводно проголтал украден предмет.

На почетокот на оваа недела, полицијата соопшти дека осомничениот бил подложен на медицински преглед и дека неговата здравствена состојба е постојано следена.

„Бидејќи е во полициски притвор, ние сме должни да се грижиме за него и да продолжиме да го следиме, со оглед на околностите“, соопшти тогаш полицијата.

Приврзокот „октопод“, именуван по истоименниот филм за Џејмс Бонд од 1983 година, е инспириран од содржината на филмот која се врти околу сложена кражба на јајце на Фаберже.

Фаберже е светски позната куќа за накит основана во Русија пред повеќе од два века, позната по своите јајца изработени од скапоцени камења и метали.

Според Радио Нов Зеланд, златарите „Партриџ“ изјавиле дека приврзокот ќе му биде вратен на Фаберже. Осомничениот треба повторно да се појави пред суд на 8 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ