петок, 27 март 2026

Пронајден е скелет на мускетарот Д’Артањан (ВИДЕО)

Повеќе од 350 години по смртта на францускиот војник кој послужил како инспирација за класичното дело „Тројцата мускетари“ на Александар Дима, неговите останки се пронајдени под подот на црква во холандскиот град Мастрихт, пренесува британскиот весник Гардијан.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Работници кои реставрираат црква во Мастрихт открија скелет за кој се верува дека му припаѓа на благородникот Д’Артањан од 17 век, чии подвизи го инспирирале романот на Дима од 1844 година.

Местото на погребување на Д’Артањан, мускетар и шпион на кралот Луј Четиринаесетти, кој починал за време на опсадата на Мастрихт во 1673 година, можело да се идентификува 353 години подоцна, откако биле пронајдени коски под срушениот под на црквата.

Откривањето на скелетот во црквата Свети Петар и Павле во Мастрихт го поттикна пензионираниот археолог Вим Дијкман, кој 28 години го барал гробот на мускетарот, да го истражи наодот.

Трагите, вклучувајќи гробница под олтар, француска монета од тој период и куршум пронајден во висина на градите што се совпаѓа со историските записи, сугерираат дека скелетот можеби му припаѓа на Д’Артањан. Скелетните остатоци сега се префрлени во археолошкиот институт во Девентер.

ДНК примерок од скелетот земен на 13 март се анализира во Минхен и ќе биде спореден со примероци од машките потомци на Д’Артањан за да се потврди можна идентификација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ