четврток, 2 април 2026

Промоција на поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“

Во Порта Македонија денеска ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветено на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев, кој во 2025 година стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено во соопштението на АД Пошта – Скопје, поштенската марка ќе биде промовирана од страна на директорот за поштенски операции и член на Управниот одбор Бојан Кереместески, со почеток во 13 часот.

Во јули минатата година, Сашко Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 светски врвови повисоки од 8.000 метри, откако успешно го освои Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан.

Со овој извонреден потфат, како и со претходното освојување на највисоките врвови на сите седум континенти, Кедев се вброи меѓу светската алпинистичка елита. За неговите исклучителни достигнувања во медицината и алпинизмот, тој е и добитник на високото државно одликување Орден „8 Септември“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ