вторник, 10 јуни 2025

Пристигна нов трејлер за Паркот Јура, дел од публиката воодушевена (ВИДЕО)

Јуниверсал пикчерс објави уште еден трејлер за новиот филм од франшизата „Паркот Јура“, насловен „Светот Јура: Преродба“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Новиот филм, кој наскоро доаѓа во кино салите, е седми по ред од познатата франшиза која постои повеќе од триесет години. Режисер на последното продолжение е Герет Едвардс, а главните улоги ги толкуваат Скарлет Јохансон, Махершала Али и Џонатан Бејли.

Дејството на филмот е сместено пет години по настаните во Паркот Јура: Доминион, а според официјалниот синопсис, „еколошките услови на планетата се покажаа во голема мера неповолни за опстанок на диносаурусите“.

Преживеаните примероци сега живеат во изолирани тропски зони во близина на екваторот, каде што климата наликува на онаа во која некогаш владееле. Трите најголеми суштества од тој екосистем имаат ДНК што може да доведе до револуционерен лек за луѓето.

Првиот трејлер објавен на почетокот на февруари доби многу позитивни коментари, а новиот не е исклучок. Гледачите го фалат прикажувањето на диносаурусите и атмосферата, што ги потсетува на првите три филма од оригиналната трилогија „Паркот Јура“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ