петок, 26 декември 2025

Природен сок од морков и ѓумбир спас за белите дробови

Природниот сок од морков и ѓумбир може да помогне во зајакнување на белите дробови и обновување на респираторниот систем кај пушачите.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пушењето е навика што остава сериозни последици за белите дробови. Дури и по откажувањето, на организмот му треба време да се исчисти од насобраните токсини и слуз.

Иако не постои волшебен напиток што може да ги избрише сите последици од пушењето, одредени намирници се докажано корисни во обновувањето на респираторниот систем и зајакнувањето на капацитетот на белите дробови.

Еден од најдобрите природни сојузници се соковите богати со антиоксиданти, особено се издвојува сокот од морков и ѓумбир. Морковите се богати со бета-каротин и витамин А, кои помагаат во регенерацијата на слузницата на респираторниот тракт.

Ѓумбирот има противвоспалително дејство и помага во исфрлањето на слузта. Лимонот често се додава во ваквите сокови поради неговата висока содржина на витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем и ја олеснува борбата против токсините.

Редовното консумирање на ваков домашен сок може да им помогне на поранешните и сегашните пушачи да ја подобрат функцијата на белите дробови и да се чувствуваат полесно.

Секако, најдобрата одлука за здравјето е да се откажете од пушењето, но со правилна исхрана и природни напитоци, вашите бели дробови можат постепено да се обноват.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ