вторник, 8 јули 2025

Природен аналгетик: Малините ја ублажуваат болката во нозете

Клиничко истражување објавена во списанието „Журнал за истражување на болка“ покажа дека дневната консумација на екстракт од црвена малина во текот на 8 недели го намалува интензитетот на болката за 20-30 отсто кај лица со заболувања на периферен нервен систем (периферни невропатии).

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Антоцијанините (група на природни пигменти ) дејствуваат со инхибирање на ензимот циклооксигеназа, слично на нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), но без гастроинтестинални несакани ефекти. Флавоноидите од малините ја подобруваат микроциркулацијата, што може да ја ублажи непријатноста од болни и уморни нозе, особено кај луѓе кои страдаат од хронична венска инсуфициенција.

Според американскиот институт за исхрана и здравје (НИХ), малините се природен извор на ресвератрол, растително соединение поврзано со невропротективни ефекти.

Истражување од Универзитетот во Орегон од 2021 година истакна дека редовната консумација на бобинки може да има превентивен ефект врз оксидативниот стрес во периферните нерви, што е еден од клучните механизми на невропатска болка.

Малините не можат да се користат како замена за аналгетици во сериозни состојби, но тие се вреден додаток во исхраната за луѓе со блага до умерена болка во нозете.

Како дел од антиинфламаторната диета, нивната улога може да биде и хранлива и терапевтска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ