четврток, 19 јуни 2025

Придобивките од магдоносот се поголеми отколку што мислите

Иако често го гледаме како едноставен зачин или декорација на чинија, магдоносот е многу повеќе од тоа. Ова скромно растение крие изненадувачко богатство од хранливи материи и може значително да придонесе за нашето здравје, доколку му дадеме шанса.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Извор на витамини кои го зајакнуваат имунитетот

Магдоносот е исклучително богат со витамин Ц – дури и повеќе од лимоните! Само две лажици свеж магдонос содржат околу 16 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој е клучен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и одбрана на организмот од инфекции. Покрај тоа, магдоносот е добар извор на витамини А и К – важни за здравјето на очите, коските и згрутчувањето на крвта.

Го чисти телото и го поддржува варењето на храната

Магдоносот делува како природен диуретик – го поттикнува излачувањето на вишокот течности и токсини од телото. Ова го прави корисен сојузник за оние кои се борат со задржување на вода или благ оток. Дополнително, есенцијалните масла од магдонос, особено апиолот и миристицинот, можат да ја намалат надуеноста и да помогнат во подобро варење.

Богат со антиоксиданти

Магдоносот содржи моќни антиоксиданти како флавоноиди, каротеноиди и витамин Ц, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес. Редовното консумирање на овие соединенија може да го намали ризикот од хронични заболувања, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес.

Пријател во борбата против непријатен здив

Благодарение на својот свеж вкус и природните масла, магдоносот може да помогне во неутрализирање на лошиот здив – нешто што нашите предци добро го знаеле, бидејќи го користеле токму за оваа намена по оброци богати со лук или кромид.

Како најдобро да се искористи?

Најголеми придобивки од магдоносот ги добиваме кога го консумираме свеж. Додајте го на крајот од готвењето во супи, чорби, сосови или наросете го во салати. Можете да го користите како основа за зелен сок или да направите песто со магдонос наместо босилек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ