четврток, 18 декември 2025
Цената за животната средина е огромна

Предупредување за глобалните последици од развојот на вештачката интелигенција

Бумот на вештачката интелигенција (ВИ) во 2025 година наводно предизвикал емисии на јаглерод диоксид во атмосферата еднакви на оние што ги емитува цел Њујорк, според истражувањето на Дигикономист.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Глобалното влијание на оваа технологија врз животната средина, исто така, покажува дека потрошувачката на вода поврзана со вештачката интелигенција сега ја надминува вкупната глобална побарувачка за флаширана вода.

Овие податоци ги собрал холандскиот академик Алекс де Врис-Гао, основач на компанијата Дигикономист.

Тој тврди дека ова е прв обид да се измери специфичниот ефект на вештачката интелигенција, наместо на центрите за податоци воопшто, бидејќи употребата на чет-ботови како ЧетГПТ и Џемини нагло се зголеми во 2025 година.

Податоците покажуваат дека проценетите емисии на стакленички гасови од употребата на вештачка интелигенција се еквивалентни на повеќе од осум проценти од глобалните емисии од авијацијата.

Во истражувањето се користени извештаи од технолошки компании, а Де Врис-Гао повикува на построги барања за компаниите да бидат потранспарентни во врска со нивното влијание врз климата.

„Еколошкиот трошок од оваа технологија е огромен во апсолутни суми. Во моментов, општеството ги плаќа овие трошоци, а не технолошките компании. Дали е тоа фер? Ако тие имаат корист од оваа технологија, зошто да не платат дел од трошоците?“, праша тој.

Де Врис-Гао процени дека јаглеродниот отпечаток на системите за вештачка интелигенција би можел да достигне 80 милиони тони во 2025 година, додека потрошувачката на вода би можела да се искачи на 765 милијарди литри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ