Прашката зоолошка градина е меѓу шесте институции во светот кои успеаја да создадат услови за најголемиот вид инсекти кои не летаат (Driococelus Australis) долг до 15 сантиметри, познат и како „инсект со стап“ од островот Лорд Хау, оддалечен архипелаг во Тасманското Море во близина на Австралија.
Ненаселениот архипелаг бил откриен во 1778 година. Се сметало дека стаорците кои пристигнуваат на бродови ја избришале популацијата на инсектите, но во 2001 година било потврдено дека некои примероци преживеале на остров на 23 километри од Лорд Хау. Два пара од инсектите беа транспортирани во Австралија на размножување, што се сметаше за суштинско за опстанокот на загрозениот вид.
„Тие мораа да вложат огромни напори за да преживеат 100 години на толку тешко место и сега им треба голема грижа за да живеат во заробеништво“, рече Војтех Вит, чувар во зоолошката градина во Прага.
Зоолошката градина мораше да изгради климатизирана зграда со опрема за дезинфекција за чуварите на влезот, за да ги заштити инсектите, кои се подложни на бактериски и вирусни инфекции. Целта на програмата е да се врати инсектот во неговата природна средина на островот Лорд Хау, откако стаорците беа искоренети таму во 2019 година.