среда, 30 април 2025

Прада го купува Версаче  

Прада отвора ново поглавје, склучи договор за купување на помалиот ривал Версаче од Капри Холдингс, отвој потег е со цел да обедини две од најголемите имиња во италијанската мода. Договорот има вредност од 1,375 милијарди американски долари, објави Прада во четвртокот. 

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Прада се обидува да се прошири, пркосејќи му на забавувањето на побарувачката за луксуз, додека Версаче работи со загуба. Спојувањето го зајакнува отпечатокот на Италија во луксузната индустрија предводена од француски конгломерати. 

„Наша цел е да го продолжиме наследството на Версаче, славејќи и повторно толкувајќи ја неговата смела и безвременска естетика“, изјави претседателот на Прада, Патрицио Бертели. 

„Истовремено, ќе му обезбедиме силна платформа, засилена со години тековни инвестиции и вкоренета во долгогодишни односи“, додаде тој. 

Цената што Прада се согласи да ја плати за Версаче е голем попуст во однос на околу 2,15 милијарди долари вклучувајќи го долгот што Капри го плати за Версаче во 2018 година. Претходно познат како Мајкл Корс, Капри го купи Версаче од семејството Версаче и Блекстоун. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ