Филмот „Господарот на прстените: Лов на Голум“ ќе го следи истиот принцип како и неговите претходници и ќе пристигне во кината во декември.
Според Варајети, филмот на Енди Серкис ќе почне да се прикажува во кината на 17 декември 2027 година, непосредно пред божиќните празници – исто како и филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ и „Хобит“, од кои секој заработи милијарди долари глобално.
Ворнер Брос првпат го најави „Лов на Голум“ минатото лето, кога филмот беше планирано да биде објавен во 2026 година. Сепак, датумот на премиерата е поместен за една година.
Серкис ќе го режира филмот и ќе ја повтори главната улога, која ја игра користејќи технологија за снимање на движење уште од филмот „Господарот на прстените: Двете кули“ од 2002 година. Неговите претходни режисерски проекти ги вклучуваат „Могли: Легендата за џунглата“ и „Отров 2“.
Оригиналниот режисер на трилогијата „Господарот на прстените“, Питер Џексон, заедно со Френ Волш и Филип Бојенс, се продуценти на новиот филм. Ворнер Брос за време на објавувањето, нагласи дека ова трио ќе биде вклучено „во секој чекор од создавањето на филмот“, пренесува Варајети.
Филипа Бојенс за списанието Емпаер изјави дека „Лов на Голум“ е „прилично интензивна приказна“ што се одвива „по роденденската забава на Билбо и пред Рудниците во Морија. Тоа е специфичен дел од неверојатна, но сепак нераскажана приказна, раскажана од перспектива на ова извонредно суштество“, објасни таа тогаш.
Актерите од оригиналната трилогија, како Иан Мекена (Гандалф), Орландо Блум (Леголас) и Виго Мортенсен (Арагорн), изразија интерес да се вратат во новиот филм доколку има смисла за приказната, иако дополнителни имиња сè уште не се официјално потврдени.