четврток, 26 февруари 2026

Потврдена теоријата за пијан мајмун: Шимпанзата јадат овошје со алкохол (ВИДЕО)

Шимпанзата во дивината често јадат овошје кое природно содржи алкохол, а количината што ја консумираат може да биде толку висока што би предизвикала ниво на алкохол кај луѓето што би им било забрането да управуваат со тешка машинерија, покажа нова студија.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, кое беше спроведено во Националниот парк Кибале, откри дека шимпанзата јадат овошје кое природно содржи алкохол, а понекогаш достигнуваат концентрации кои го надминуваат прагот на безбедност на работните места, пренесе британскиот Тајмс.

Овошјето што го консумираат шимпанзата, како што е африканското ѕвездесто јаболко, содржи мали количини алкохол поради природна ферментација – обично 0,1 процент, но во некои случаи и до 0,4 проценти. Сепак, шимпанзата можат да дневно да изедат количина од ова овошје еднаква на 15 проценти од нивната телесна тежина, што доведува до значително внесување на алкохол.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, собрале примероци од урина од шимпанза и ги анализирале за присуство на етил глукуронид (ЕтГ), биомаркер произведен за време на метаболизмот на етанолот. Резултатите откриле дека шимпанзата редовно го надминувале прагот од 500 нанограми на милилитар ЕтГ, граничната вредност што се користи во тестовите за алкохол во човечката крв. Ова ниво на алкохол може да доведе до ограничувања на работното место, како што се забрани за ракување со тешка машинерија.

Иако не е докажано дека шимпанзата биле сериозно пијани, овие наоди ја поддржуваат теоријата за пијан мајмун, која тврди дека човечките предци еволуирале така што ја поврзувале миризбата на ферментирано овошје со изобилието на калории.

Истражувачите веруваат дека ова обезбедило предност во преживувањето, бидејќи привлечноста на алкохолот, дури и при ниски концентрации, можела да биде еволутивна предност.

Научниците исто така забележале дека шимпанзата патуваат повеќе во периоди од годината кога има изобилство ферментирано овошје, што би можело да укажува на поголема енергија што ја обезбедува шеќерот во овошјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ