сабота, 7 март 2026

Постојано ви се ладни рацете и нозете? Подобрете ја циркулацијата на природен начин

Ако често ви се случува рацете и нозете да ви бидат ладни, дури и кога престојувате во топла просторија, можно е да имате послаба циркулација. Овој проблем е особено изразен во зимските месеци, но може да биде присутен во текот на целата година.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Добра вест е дека постојат едноставни и природни начини за подобрување на протокот на крв и за загревање на телото.

Еден од најефикасните начини е консумирањето лута храна. Лутите намирници ги шират крвните садови, ја забрзуваат циркулацијата и позитивно влијаат на работата на кардиоваскуларниот систем. Благодарение на тоа, телото побрзо се загрева, а рацете и нозете стануваат потопли.

Во исхраната се препорачува да се вклучат лук, лута пиперка и ѓумбир.
Важна улога има и внесувањето на намирници богати со фолна киселина, која учествува во создавањето на црвените крвни зрнца и ја спречува појавата на анемија. Нејзиниот недостаток може дополнително да ја влоши циркулацијата.

Се препорачува консумирање лиснат зеленчук со темно зелена боја како што се спанаќот и зелената салата, како и домати, брокула, грашок, грав, банани, јаткасти плодови и пченка.

Уште една едноставна навика што може да помогне е подигање на нозете над нивото на срцето. Доволни се 15 до 20 минути дневно за да се намали притисокот во нозете и да се олесни враќањето на крвта кон срцето. Овој метод особено им одговара на лица кои подолго време стојат или седат во текот на денот. По потреба, можат да се користат и креми за уморни нозе, кои дополнително го ублажуваат чувството на тежина и непријатност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ