Според неа, Робин не е замена за терапевт, туку „партнер што го разбира и го поддржува човекот“.
Идејата за апликацијата се родила за време на пандемијата, кога Шао забележала како изолацијата влијае на менталното здравје и потребата на луѓето за емоционална поврзаност. Робин користи принципи на човечката меморија што Шао го истражувала во лабораторијата на нобеловецот Ерик Кандел.
Корисниците внесуваат основни информации за себе, своите цели и реакциите во стресни ситуации, а Робин го прилагодува тонот и стилот на комуникација врз основа на тие информации.
Истражувањето од јули покажа дека 72 отсто од американските тинејџери користат таканаречени апликации за придружба со вештачка интелигенција – дигитални алатки дизајнирани за емоционална поддршка и социјална интеракција. Меѓу најпознатите се Реплика, Карактер.АИ и Филинг грејт, Робин се приклучува на овој брзорастечки, но и контроверзен тренд.






