недела, 7 декември 2025

Поради серија што се објави пред неколку часа „падна“ Нетфликс: Чекавме три години (ВИДЕО+ФОТО)

По години исчекување, фановите на мегапопуларната серија Стрејнџер тингс (Stranger Things) конечно ја дочекаа премиерата на петтата и последна сезона, но наместо да уживаат во новите епизоди, многумина беа пречекани со порака за грешка.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Само неколку моменти откако беа објавени првите четири епизоди, стриминг платформата Нетфликс се сруши поради големиот прилив на гледачи, пренесува Дејли меил.

Гледачите кои се обидоа да пристапат до нови епизоди на своите екрани виделе известување: „Нешто тргна наопаку. Жал ни е, имаме проблеми со вашето барање. На почетната страница ќе најдете многу за истражување.“

Привремениот прекин на системот, наводно, траел околу три минути, што било доволно за да предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Набрзо по падот на платформата, корисниците на Икс почнаа да го изразуваат своето незадоволство и да се шегуваат на сметка на Нетфликс. Еден корисник напиша: „Стрејнџер тингс ќе го сруши целиот интернет.“

Многумина беа разочарани. „Цел ден со возбуда чекав само за да се сруши Нетфликс“, и „Компанија вредна милијарда долари не може ни да спречи пад на серверот“, се само дел од коментарите.

Еден обожавател директно се обрати на стриминг сервисот: „Чекавме три години на овој момент. Како не можевте да сфатите колку ова ќе биде големо и да не се подготвите за тоа? Го урнавме Нетфликс.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ