Женка стара пет години и нејзините младенчиња, на возраст од 10 и 11 месеци, беа снимени за време на годишната миграција на мечки долж Западниот залив Хадсон во близина на Черчил, во провинцијата Манитоба, град познат по својата популација на поларни мечки.
„Ова е многу необично. Не знаеме зошто се случува нешто вакво, но знаеме дека не се случува често“, изјави Алиса Мекол, научник од „Полар берс Интернешнл“.
Ова е само 13-ти познат случај на посвојување меѓу 4.600 мечки проучувани во текот на речиси пет децении во тој регион.
Поларните мечки што живеат во дивината имаат само 50 проценти шанси да доживеат старост.
Нивните шанси за преживување се зголемуваат ако имаат мајка која се грижи за нив.
Истражувачите велат дека усвоеното младенче изгледа здраво и ќе остане со мајката додека не наполни околу две и пол години.






