понеделник, 8 декември 2025

По три неуспешни обиди: Спејсекс успешно ја лансираше и приземји најмоќната ракета во историјата (ВИДЕО)

По два дена доцнење, Спејсекс ја лансираше својата масивна ракета „старшип“ доцна синоќа, што го направи она што изгледаше како неверојатно успешен пробен лет по три последователни неуспеси на почетокот на оваа година.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

И покрај фактот дека топлината од повторното влегување го оштетила заштитното „здолниште“ околу моторниот простор на „старшип“, како и делумно го стопила контролниот капак на неговиот спој, вселенското летало било стабилно во текот на целиот лет и извршило контролирано слетување на планираната локација во Индискиот Океан, пренесува РТС.

„Слетувањето е потврдено! Честитки до целиот тим на Спејсекс за возбудливиот десетти пробен лет на старшип!“, соопшти компанијата.

Претходно, првата погонска фаза, таканаречената „супер тешка“, исто така го изврши маневрирањето како што беше планирано – го подигна „старшип“ од долните слоеви на атмосферата, а потоа самостојно се врати на брегот на Тексас, каде што слета во морето.

Вработените на Спејсекс во Тексас и Калифорнија ги прославија и аплаудираа за достигнувањата за време на пробниот лет, кој траеше еден час и шест минути, јасно покажувајќи го својот ентузијазам по трите катастрофални неуспеси по ред што му претходеа на синоќешниот десетти тест.

Синоќешниот лет беше откажан двапати – обидот за лансирање во неделата беше откажан поради проблеми со опремата на земјата, а вториот обид во понеделникот беше спречен поради облачно време.

Сепак, вчера условите беа идеални и ракетата, најмоќната некогаш изградена, приреди спектакуларно шоу додека забрзуваше во вселената со двојно поголема моќност од ракетата на НАСА за лунарната мисија СЛС и легендарната ракета Сатурн 5.

Со оглед на досегашните нерамномерни резултати од „старшип“, расте загриженоста дека верзијата што се гради за НАСА, наменета за слетување на Месечината, можеби нема да биде усовршена на време за планираното слетување во 2027 година, а можеби дури ни пред Кинезите да го кренат своето знаме на Месечината на крајот од деценијата.

Последниот успех нема да ги ублажи тие грижи – остануваат многу технички пречки – но несомнено е голем поттик за Маск и вработените на Спејсекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ