Со текот на годините, некои од најпознатите холивудски ѕвезди на денешницата се појавија на насловните страници, меѓу кои и првата ѕвезда на насловната страница, Мишел Фајфер, како и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.
Годинешната титула за најубава личност според Пипл ја освои актерката Деми Мур (62). По успехот на хорор филмот „The Substance“ – (Супстанција), во кој глуми жена опседната со вечната младост, Деми искрено зборуваше за тоа што значи убавина за неа денес: „Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, изјави таа.
Откако со години чувствувала притисок да изгледа совршено, таа вели дека денес има поздрав и порелаксиран однос кон своето тело и живот. Деми сака да испрати порака дека вистинската убавина не зависи од годините или изгледот, туку од тоа да бидете свои и со љубов да се грижите за себе.
Меѓу оние кои ги красеа насловните страници во текот на деведесеттите беа Мишел Фајфер, Џулија Робертс, Џоди Фостер, Синди Крафорд, Мег Рајан, Кортни Кокс, Мел Гибсон, Том Круз и Леонардо ди Каприо.