сабота, 17 мај 2025

Пет бизарни и забавни факти што ќе го направат вашето следно кафе уште поинтересно

Кафето е повеќе од само пијалак – тоа е општествен феномен. Секој работен ден го започнуваме со него.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Откриено е поради козите од Етиопија, а папата речиси го забрани

Легендата од Етиопија вели дека еден овчар ги забележал неговите кози како скокаат и се однесуваат чудно откако јаделе црвени бобинки од грмушка. И тој ги пробал – и не можел да заспие цела ноќ. Таа грмушка била – кафе. И така (можеби) сè започна.

Кога кафето почнало да се шири низ Европа, некои го нарекле „ѓаволски пијалак“. Толку многу луѓе биле ужаснати што побарале од папата Климент Осми да го забранат. Наместо тоа, папата го пробал – и одлучил дека е премногу добро за да се откаже. Наместо забрана, кафето доби благослов.

Најскапото кафе на светот – буквално излегува од животно

Копи лувак е кафе кое се прави од бобинки кои биле изедени, сварени и исфрлени од цибет – мало азиско животно. По миењето и преработката се продава по цени до 1.000 долари за килограм. Велат дека има поблаг вкус и помалку горчина.

Жената можела да побара развод ако нејзиниот сопруг не ѝ обезбедува доволно кафе

Во 17 и 18 век, кафулињата биле места каде луѓето разменувале идеи, ширеле гласини и понекогаш планирале бунтови. Во Отоманската империја, жената можела да побара развод ако нејзиниот сопруг не можел да обезбеди доволно кафе.

Кој го пие најмногу?

Финците, како нација, се големи љубители на кафе. Во просек, тие пијат повеќе од 12 килограми кафе по лице годишно, и никогаш не прескокнуваат пауза за кафе (кахвитауко).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ