петок, 3 април 2026

Персонализираната исхрана ја менува медицината

Современата наука сè повеќе потврдува дека исхраната игра клучна улога во развојот на болести како што се дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и рак. Сепак, и покрај ова знаење, лошите навики во исхраната тешко се менуваат.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Новото време на исхраната нуди решение преку персонализирана исхрана, пристап базиран на лабораториска анализа, генетско профилирање и следење на микробиомот. Врз основа на овие податоци, експертите можат да креираат мени кое е целосно прилагодено на поединецот.

Развојот на технологијата и вештачката интелигенција дополнително го забрзува овој процес. Во иднина, системите ќе можат да анализираат биомаркери во реално време и да даваат прецизни препораки за исхрана, начин на живот и превенција на болести. Дијагностиката ќе биде насочена кон предвидување на ризикот, а не само кон лекување на веќе настанати проблеми.

Посебна улога има цревниот микробиом, бидејќи исхраната сè повеќе се прилагодува на бактериите во организмот. Овој пристап овозможува подобро здравје, посилен имунитет и поефикасна превенција на болести.

Иако технологијата напредува, стручњаците истакнуваат дека урамнотежената и квалитетна исхрана останува темел на здравиот живот, заедно со индивидуален пристап кон секој човек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ