понеделник, 5 мај 2025

Патување во неизвесност: Каде слетаа патниците со билет до непознат правец?

Дали би се качиле во авион без да знаете каде одите? Скандинавија ерлајнс САС повторно го распродаде својот лет до непозната дестинација за само четири минути.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Патниците полетале од Копенхаген, вистинската дестинација била Севиља, но тоа го дознале дури откако слетале.

Ниту екипажот во кабината не знаеше каде одат. Популарноста на овие мистериозни патувања расте бидејќи сѐ повеќе луѓе ја избираат спонтаноста наместо стресот од планирањето на патувањето.

Летот до непозната дестинација полета на 4 април, а сè остана обвиткано во мистерија – дури и веб-страницата Флајтрадар24 беше во мрак, па така изненадувањето беше зачувано до последен момент. Патниците не знаеја каде ќе слетаат, освен што дестинацијата е во рамките на Шенген-зоната, со цел да се избегнат визни компликации. Овој пат скриената дестинација беше Севиља.

Претходната година, првиот ваков лет од истата програма ги однесе патниците во Атина, Грција.

Концептот „Непозната дестинација“ е дизајниран за патници со авантуристички дух. Авиокомпанијата не ја открива дестинацијата однапред – наместо тоа, членовите на ЕвроБонус можат да ги користат своите поени за да резервираат билети за лет чија дестинација им е позната само на пилотите.

„Патувањето е за откривање, а „Непозната дестинација“ е дизајнирана да ја разбуди возбудата за истражување на нови и неочекувани места. Има нешто магично во тоа да се качите во авион и да не знаете каде ќе слетате. Ги отстранува сите вообичаени одлуки и планирања, дозволувајќи им на патниците целосно да се нурнат во искуството“, изјави Арон Бекстром, потпретседател за производи и лојалност во САС.

САС не е првата авиокомпанија која експериментирала со ваков концепт, други авиопревозници како Луфтханза и Пич Авиејшн се познати по своите понуди во минатото.

Во случајот на Луфтханза, патниците избраа категорија (како што се уметности и знаменитости, забава или следење на сонцето) и на тој начин ѝ дозволуваа на авиокомпанијата да ја избере крајната дестинација за нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ