Кратко писмо на француски јазик, со дата од 2024 година, е пронајдено во шише недалеку од црквата „Свети Кир“ во крајбрежниот Абердиншир.
Шишето го пронашло кучето на шеесетгодишниот Мајк Скот за време на прошетка на плажа. Тој рекол дека бил изненаден од откривањето на порака во шише кое патувало околу 4.300 километри преку Атлантикот.
„Додека шетав, моето куче Меги помириса шише што го најде на брегот. Видов дека има нешто во темното стаклено шише и утврдив дека станува збор за писмо на француски јазик. Го однесов дома и го преведов текстот на пораката“, рече Скот, пренесуваат британските медиуми.
Тој додаде дека во пораката се вели дека шишето било фрлено во морето од траект што пловел помеѓу островот Принц Едвард и островот Мадлен во август 2024 година, а дека е потпишано од Ени Шиасон.
Скот рекол дека „малото стаклено шише преживеало две зими на отворено море, патувајќи од источниот брег на Канада, преку Северниот Атлантик, до врвот на Шкотска, каде што било пронајдено на североисточниот брег“.
„Испраќачот нè замоли да го известиме ако го најдеме“, рече Скот, додавајќи дека преку Фејсбук контактирал со жената што го фрлила шишето во морето, но дека сè уште не добил одговор од неа.






