недела, 7 декември 2025

Парче од ова овошје чини 1.750 евра: Богатите го сакаат поради неговиот посебен вкус

Две парчиња манго од префектурата Мијазаки, кои беа продадени на јапонска аукција пред две години, чинеа речиси 3.500 евра. Познато по својот врвен квалитет и исклучителен вкус, ова сочно овошје често се нарекува јајце на сонцето, поради неговата посебна боја и совршена кора без дамки.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Мангото од Мијазаки е прашање на престиж и предмет на желба на богатите, и иако може да достигне луди цени на аукциите, може да се најде во ексклузивни продавници по пријателска цена од 30 евра.

Зошто е толку скапо?

Сончевото јајце се бере секоја година во префектурата Мијазаки помеѓу април и август. За разлика од жолтото манго, кое е вообичаено во Југоисточна Азија, мангото Мијазаки има црвена кора како јаболко. За да стане симбол на престиж, овошјето се одгледува со употреба на специјални земјоделски техники и подлежи на строги мерки за квалитет.

Најскапото манго во светот нема долга традиција. Историјата на одгледување манго во Мијазаки е релативно нова, започнала дури во 1980-тите. Оваа област е нашироко позната по производство на овошје, благодарение на блага клима, изобилство сончева светлина и идеални врнежи од дожд, што ја прави совршена за одгледување кумквати, личи и манго.

Како се произведува?

Процесот на одгледување започнува со внимателен избор на садници, кои се садат во хранлива почва и се ставаат во стакленици за заштита од лошо време и штетници. Земјоделците често ангажираат пчели за опрашување, за плодовите да бидат што е можно поголеми.

Успешното одгледување бара и други услови – стабилна температура во стакленикот, обилна вентилација и оптимална влажност. Секое манго мора да добие вистинска количина сончева светлина за да развие црвена боја и сладок вкус, а дрвјата редовно се кастрат, ѓубрат и полеваат. По бербата, плодовите внимателно се пакуваат и превезуваат на пазарот, со строги мерки за контрола на квалитетот.

Внимание кон детали

Низ целиот процес, вниманието кон деталите е клучно за создавање на најдоброто манго Мијазаки, кое има исклучително кремаста текстура, миризлива арома и исклучително сочна пулпа.

Високата содржина на шеќер му дава неверојатно сладок и богат вкус. Иако сите се подложени на строги контроли, само најдобрите примероци ја добиваат титулата јајце на сонцето (taiyo no tamago) и се продаваат на аукција на пазарите на големо во Мијазаки секој април.

Овие извонредни овошја често се купуваат како подароци и се дел од јапонската луксузна култура на подарување овошје на колеги, шефови, клиенти, пријатели и семејство.

Обичајот за дарување овошје потекнува од шинтоистичките и будистичките практики кои наложуваат принесување дарови, како на домашни олтари (бутсудан), така и на боговите на фестивалите. Поради големата побарувачка и ограничената достапност, јајцето на сонцето е тешко да се набави надвор од Јапонија, а трошоците за достава, царини и даноци дополнително ја зголемуваат цената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ