четврток, 17 јули 2025

Папагали предизвикаа скандал во парк: Навредуваа и пцуеја посетители (ВИДЕО)

Верувале или не, животните сè повеќе се „непристојни“ кон луѓето и се „обединуваат“ против нив за да ги исмеваат!

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ова го потврдува веста дека пет папагали во парк за диви животни во Линколншир биле одвоени откако почнале да пцујат, да се потсмеваат и да им се смеат на посетителите.

Африканските сиви папагали Били, Елси, Ерик, Џејд и Тајсон се посвоени од парк во Линколншир.

Тие првично биле заедно во карантин, а потоа се придружиле на голема колонија од 200 сиви папагали.

Папагалите брзо научија да ги пцујат посетителите и меѓусебно се охрабруваа да го прават тоа, бидејќи им беше забавно и смешно.

Управата на паркот решило да го спречи ваквото однесување и истовремено да ја избегне можноста другите папагали да научат пцовки.

Покрај тоа, беше важно да се избегнат понатамошни проблеми со посетителите, особено со децата.

Управата на паркот ги „казнила“ папагалите така што ги одвоила и ги сместила во различни делови од паркот, пренесува Телеграф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ