вторник, 9 декември 2025

Паметно наводнување: Трикови за бујна градина и заштеда

Летото е време кога на растенијата им е потребно најголемо внимание, правилното наводнување е од суштинско значење за вашата градина или тераса да заблескаат.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Експертите советуваат растенијата да се полеваат рано наутро или доцна навечер, кога сонцето не е силно, бидејќи тогаш водата најефикасно се задржува во почвата.

Друг трик е да користите дождовница или стоечка вода, што е подобро за растенијата отколку ладна вода од чешма. Ако сакате да заштедите пари, размислете за системи за наводнување капка по капка – тие обезбедуваат постојана влажност на почвата и спречуваат трошење вода.

За балконските растенија најдобро е да се користат саксии со двојно дно, бидејќи тие го задржуваат вишокот на вода и ја чуваат влагата во текот на денот. Со додавање мулч (прекривка од природни материјали) или кокосови влакна, почвата останува влажна подолго, а растенијата се поздрави и поотпорни на суша.

Со малку внимание и правилни техники на наводнување, вашата градина или тераса може да бидат прекрасни и бујни дури и во најжешките денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ