За да се реши овој проблем, во областа на главниот град на Шпанија, Мадрид, ќе се тестираат сообраќајни знаци кои го топат мразот и снегот. Тие се направени од материјал кој може да ја зголеми температурата, во комбинација со соларни плочи, што им овозможува да преминат од -10ºC на 20ºC за само минута и половина, топејќи го мразот или снегот што се создава на нив, пренесува Ревијахак.
На почетокот, сообраќајните служби ќе распоредат 18 уреди на различни точки на регионалната патна мрежа. Освен овие сигнални знаци, ќе се тестира системот на автономни и безжични сензори со можност за известување за моменталната временска состојба на патот.
Тие ќе бидат задолжени за собирање информации и се поврзани со СИГЕСКА, платформа за управување и одржување на патиштата на градот Мадрид, што ќе овозможи поточни прогнози кои, пак, предвидуваат можни мразови, со цел соодветно да се прилагоди распределбата на сол на асфалтот.






