понеделник, 8 декември 2025

Паметни решенија во еден екосистем: Смарт тингс и вештачката интелигенција во служба на вашиот дом

Замислете дом што ве разбира. Дом кој се прилагодува на вашите навики, реагира на вашите потреби и тивко функционира во позадина за секојдневието да ви биде поедноставно, попријатно и побезбедно. Со Samsung SmartThings и вештачката интелигенција, таа идеја повеќе не е футуристички сон, туку реалност што можете да ја живеете уште денес.

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжение прочитајте како уредите засилени со вештачка интелигенција работат за вас и како преку само една Samsung апликација во секој момент имате пристап до сите апарати во вашиот дом.

Bespoke Jet AI Ultra – иновација што го менува начинот на чистење

Samsung Bespoke Jet AI Ultra не е обична правосмукалка – тоа е паметно решение што носи максимална ефикасност и хигиена во секојдневното чистење. Bespoke AI Jet Ultra се издвојува со моќ на вшмукување од 400W, овозможувајќи отстранување и на најтврдокорната нечистотија.

HexaJet моторот е клучната компонента која обезбедува ваква моќност. Неговата уникатна хексагонална структура на статорот со потенок двофазен дифузер и турбина го подобрува протокот на воздух и ја зголемува ефикасноста на моторот, што резултира со 400W моќ на вшмукување. Дополнително, моторот овозможува работа до 100 минути со едно полнење на батеријата при користење на минимален режим, така што корисниците можат да ја исчистат целата куќа одеднаш.
Машини за перење и сушење алишта

Следни се уредите од Bespoke AI серијата за перење алишта, меѓу кои и комбинирана машина за перење и сушење со 7-инчен AI Home екран, која воведува напредна технологија на вештачка интелигенција за поедноставување на рутината. Машините содржат интелигентно препознавање на количината алишта, оптимизирана потрошувачка на енергија и кориснички интерфејс кој се прилагодува на индивидуалните преференции.

Паметни фрижидери

Samsung целосно е посветен на концептот на паметен дом. Благодарение на бројните иновации, складирањето и подготовката на храна е полесно од кога било. Во согласност со визијата „Screens Everywhere“, тука е 21,5-инчниот Family Hub фрижидер кој овозможува беспрекорно спојување на технологија и функционалност, нудејќи не само ефикасно ладење и зачувување на намирниците, туку и управување со домот и поврзување со семејството.

Паметни решенија за полесен живот

Лидерството во иновации на Samsung е препознаено ширум светот. Така, компанијата неодамна воспостави партнерство со светски познатиот готвач, сопственик на ресторани и автор на кулинарски книги, Џејми Оливер. Тој ќе им понуди на корисниците на Bespoke AI уредите ексклузивни нови рецепти за едноставна и лесна подготовка на семејни оброци.

Оливер ги осмислил рецептите имајќи ја предвид Samsung AI технологијата и начинот на кој таа помага за попаметен живот, од рерни што истовремено печат на две различни температури, до фрижидери што предлагаат рецепти според состојките што веќе ги имате дома.

Срцето на паметниот дом – SmartThings апликација

SmartThings апликацијата е клучот за поврзување на сите овие паметни уреди. Таа овозможува управување со сите функции и поставки од вашиот телефон, примање ажурирања и брзо решавање на проблеми. Ова е централно место кое го прави вашиот дом да функционира беспрекорно и ефикасно.
Со SmartThings, сè е во ваши раце – поврзано, интуитивно и едноставно. Домот повеќе не е само место каде што живеете, туку паметен партнер кој ве разбира и ви овозможува да живеете попаметно, поудобно и побезбедно.

Продолжена гаранција на одбрани апарати за домаќинство

Искористете ја промотивната понуда за продолжена гаранција на одбрани апарати за домаќинството од Самсунг, и добијте 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години продолжена гаранција) тоа за одредени  5 години гаранција (2 години редовна + 3 години комерцијална гаранција) за одредени модели на Samsung фрижидери, машини за перење алишта, вградувачки кујнски уреди, машини за сушење алишта и комбинирани машини за перење и сушење. Повеќе информации за промоцијата прочитајте тука.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ